еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 почина Иринеј, патријархот на Српската православна црква

Српскиот патријарх Иринеј почина денеска од компликации од новиот коронавирус.

Иринеј беше примен во болница во Белград на 5 ноември поради Ковид-19. Неговата здравствена состојба се влоши вчера.

Беше избран за патријарх на Српската православна црква (СПЦ) на 22 јануари 2010 година.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека патријархот Иринеј починал.

Тој на Инстаграм, заедно со црно-белата фотографија од патријархот Иринеј, напиша:

„Ми беше чест да те познавам. Луѓето како тебе никогаш не заминуваат”.

МИА/Фото: СПЦ/pouke.org

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Собрани 500 потписи за иницијативата за референдумот, на потег е Собранието

Редакција

Во Хрватска кај пиперки увезени од Македонија откриен токсичен пестицид

Редакција

Премиерот Ковачевски со сопругата Елена, на прием кај американскиот претседател Бајден

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница