еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 во тетовската болница починаа 4 лица, 112 пациенти се на кислородна подршка

Четири лица починале поради Ковид-19 во тетовската клиничка болница во изминатите 24 часа, информираат од ковид центарот.

Охрабрувачка вест од таму е што има повеќе пациенти пуштени дома, од новопримени.

-Во текот на изминатите 24 часа има нови седум лица кои се примени на болничко лекување, додека пуштени дома се 10 луѓе. До утринава во седум часот се бележат 112 лица вкупно, кои се лекуваат во болницата и сите се на кислородна поддршка, информира д-р Миранда Пајазити од ковид центарот.

Од друга страна се уште е висок бројот на прегледи и контроли во амбулантата на ковид центарот – за 24 часа за помош се обратиле 227 луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во болницата во Штип од Ковид-19 почина една пациентка, на кислородна поддршка се 28 лица

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За вакцинираните во Србија: Дигиталниот ЕУ-зелен сертификат го издава српската е-управа, не се симнува преку апликација

Силвана Жежова

Расте интересот за вакцинација, досега барем една доза вакцина примиле 74.076 граѓани

Редакција

Нема да стартува на 10. ноември: Одложен на неодредено новиот систем за влез и излез од ЕУ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница