еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

Од март во Скопје: Обуки за вински ентузијасти на светски реномираната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци

Винарската визба „Тиквеш“ ја доби акредитацијата за организирање обуки на престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци – Wine & Spirits Education Trust (WSET), најголемиот светски провајдер на обуки во доменот на виното и жестоките пијалаци.

Школата „Вински едукатор“ (Wine educator) почнува со работа, а обуките, според највисоките стандарди на едукација во областа, ќе ги изведуваат реномирани искусни предавачи сертифицирани од оваа светски признаена едукаторска организација.

Рокот за апликации е во тек и трае до почетокот на март, а првите обуки ќе се одржат од 27. до 30. март оваа година во М6 Едукативниот центар во Скопје.

– Ова е логично продолжување на активностите што „Тиквеш“ ги презема повеќе од една деценија на полето на едукацијата и развојот на винската култура.

Но и подигнување на едно повисоко, би рекол, светско ниво. Програмите и највисоките стандарди на Лондонската школа и нејзините интернационални обучувачи ќе отворат нови можности за развој на македонскиот пазар на вино, но и за раст на домашната винска индустрија, преку создавање нови познавачи на виното, едуцирани трговци со вино и персонал по рестораните и вински ентузијасти.

Тие понатаму ќе ја шират винската култура и бенефитите од умерената и одговорна конзумација на виното, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

Лондонската школа за вино и жестоки пијалаци има свои едукативни програми во повеќе од 75 земји во светот. Во Македонија, на самиот почеток ќе бидат организирани обуките од прво и второ ниво, кои не бараат претходно познавање од областа, а во натамошниот период ќе бидат достапни обуки од напредните програмски целини.

Учесниците на обуките, преку проверка на стекнатите знаења, ќе можат да се стекнат со меѓународно признаени сертификати за познавања од областа.

Сите детални информации за обуките и начинот на аплицирање се достапни на специјализираната интернет страница www.wineeducator.eu.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новартис и Лек (Сандоз) донираa 100.000 долари на Институтот за јавно здравје

Редакција

Македонски средношколци ќе учествуваат на меѓународен натпревар во дизајнирање, тестирање и изработка на мини болид на Формула 1

Редакција

(Фото) Танц битка помеѓу 50 млади од студијата „Break a leg“, „Eat the beat“ и „Aqua dance club“ во Аеродром

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница