еМагазин
Image default
Македонија

Од обработени 40%, според ДИК: Данела Арсовска води со голема предност

Од обработени околу 40 проценти од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска со 56,86 проценти.

Петре Шилегов од СДСМ има 39,64 проценти од гласовите, покажуваат податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) за резултатите од гласањето на вториот круг од локалните избори.

Во скопските општини, каде што се избира градоначалник, од пребројани околу една третина од гласачките места во Чаир води Висар Ганиу од ДУИ со 55,19 процент, пред Беким Сали од АА/А со 39,65 проценти, во Центар води Горан Герасимовски од СДСМ со 51,72 проценти пред Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ со 44,01 проценти, во Карпош води Стевчо Јакимовски со 50,86 од ГРОМ пред Душко Весковски од СДСМ со 44,14 проценти и во Шуто Оризари Ферад Асан од СДСМ со 46,85 пред Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ со 44,06 проценти.

МИА/Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казнети 423 лица за неносење заштитна маска

Редакција

Дали во Македонија е регистрирана подваријанта на омикрон ќе се знае следната недела

Редакција

Новинар и видеографер на ТВ 21 и новинар на Ројтерс беа на разговор во полицијата оти користеле дрон за собирот во Скопје, реагираа ЗНМ и ССНМ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница