еМагазин
Image default
Македонија

Од партијата на Трифонов, „Има таков народ“, најавија дека нема тргање на ветото за Македонија

Претседателот на пратеничката група на „Има таков народ“ (ИТН) во бугарското Народно собрание, Тошко Јорданов за Бугарското национално радио – БНР, коментира дека неговата партија нема да дозволи тргање на ветото за Северна Македонија до крајот на француското претседателство со Европската унија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој бил на средби со европратеници и еврокомесари и коалициски совети и имал директни впечатоци за тоа што се разговарало на нив и кој рекол, дека сака да се случи до крајот на јуни.

Според него, за Северна Македонија нештата во коалицискиот договор се јасни и „Има таков народ“ секогаш го почитувале овој договор и секогаш го одржувале зборот.

Рано е, како што рече тој, да се кажи дали владејачката коалиција ќе издржи до крајот на годинава…

Тој беше категоричен дека министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, која е од ИТН, ја следи официјалната политика, за разлика од премиерот Кирил Петков, кој се обидува да протурка поинаква политика на оваа тема.

Дописникот на МИА од Софија додава дека „Има таков народ“ на ТВ водителот Слави Трифонов последните денови ја напаѓа најголемата партија во владејачката коалиција „Продолжуваме со промената“ откако нивниот кандидат за гувернер на Бугарската народна банка не беше избран и сака да се преиспитаат некои од клаузулите од коалицискиот договор.

Нивниот кандидат, Љубомир Каримански, не ја доби поддршката од ниту една од другите три преостанати партии во коалицијата.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекршоци за 459 граѓани коишто не носеле заштитни маски

Редакција

Џафери ќе ја води собраниската комисија за помирување

Редакција

Нови 137 заболени со Ковид-19 од 1.542 тестирања, најмногу во Скопје 60

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница