еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Од „Поинт ретаил парк“ за вооружениот напад: Безбедносните камери ги лоцираат ограбувачите

Во врска со инцидентот во скопско Топанско Поле се огласија од трговскиот центар „Поинт ретаил парк“.

„Утрово во вооружен грабеж се обиени банкоматите пред Point Retail Park со користење за нас непознати средства.

За време на настанот обезбедувањето постапило според процедурите и претходно дадените упатства, кои се применуваат во вакви случаеви.

Никој од вработените не е повреден, ниту за време на настанот имало надворешни клиенти на трговскиот центар.

Банкоматите се во сопственост на 4 деловни банки сместени во метален објект во сопственост на Point Retail Park и истиот е разнесен, а причинета е материјална штета.

Безбедносните камери јасно ги лоцираат ограбувачите и очекуваме брзо разрешување на овој немил настан.

Благодариме на службите на МВР и ЈО кои веднаш излегоа на местото на настанот и преземаа професионални оперативни мерки за откривање на сторителот на овој немил настан.

Ја известуваме јавноста дека Point Retail Park продолжува со редовна и непречена работа. Благодариме на медиумите кои известија професионално за настанот“, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неколку лица со закана со оружје нападнале чувар и запалиле банкомати во Топанско Поле

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓорги Спасов за изјавата на бугарскиот министер Милков за Тито: Не прави разлика помеѓу фашизам и антифашизам

Редакција

Што следи по паѓањето на владата на Петков, која е процедурата

Редакција

Нови 1.198 нови случаи на Ковид-19 од 3.081 тестирања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница