еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од полноќ поевтинува дизелот и Екстра лесното масло, бензините остануваат со иста цена

Од полноќ се намалува цената на дизелот за три денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари.

Цената на бензините останува иста, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според новата одлука на РКЕ, дизелот ќе се продава по цена од 85 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 81 денар за литар.

Цените на бензините остануваат исти, што значи дека Еуросупер БС-95 и понатаму ќе има цена од 86,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 цена од 88,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,615 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,299 ден/кг.

Со ова, се врши намалување на намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50 проценти во однос на одлуката донесена на 14 март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макмонт“ го доби тендерот на Царинската управа за одржување на објектите на граничните премини вреден 162.000 евра

Редакција

Полицаец од Крушево нападнал колеги, а на други лица им се заканувал

Редакција

Антони Пешев, Хари Костов, Павле Богоевски: Оставките реткост во македонската политика

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница