еМагазин
Image default
Македонија

Од Србија денеска пристигнува втората пратка на вакцините „Фајзер“

Министерот за здравство Венко Филипче ќе биде домаќин на министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, на граничниот премин Табановци, со цел да ја преземе втората донација од 8.000 дози вакцини од компанијата Фајзер/Бионтек, соопшти Танјуг.

Првиот контингент од 4.680 дози од Србија пристигнаа на 14 февруари, кога српскиот претседател Александар Вучиќ на граничниот премин Табановце му предаде вакцини на премиерот Зоран Заев.

Со вакцините „Фајзер“ од Србија започна имунизација во Северна Македонија, а вакцините први ја примија здравствените работници.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Постигната согласност: За кои лица ќе има, а за кои нема да има амнестија

Редакција

Далип Јахја ќе ја води Клиниката за ортопедија откако Виктор Камнар поднесе оставка

Редакција

Двајцата директори на тетовската болница поднесоа оставки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница