еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од среда попладне снег, за викендот многу студено

Времето денеска е облачно со врнежи од дожд. Од пладне ќе почне да дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од четири до 11 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР), утре ќе преовладува променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег.  Ќе дува умерен до засилен северен ветер, оосбено вдолж Повардарието, кој ќе се задржи и во следните денови.

Поради продор на студена воздушна маса од север в среда попладне и в четврток ќе има локални врнежи, кои речиси насекаде ќе бидат од снег.

В петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.

Почнувајќи од среда минималната температура ќе биде под нулата, во интервал од минус два до минус 10 степени.

Најстудено ќе биде в недела, со минимална температура од минус 12 до минус четири степени.

Максималната температура ќе се движи од минус пет до 11 степени. В недела максималната температура ќе биде од минус седум до два степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина прим. д-р Илија Антоновски, еден од основоположниците на современата медицинска биохемија во Македонија

Редакција

Целата Унија е киднапирана од Бугарија, што да се прави таму: Рама за одењето на Самитот ЕУ-Западен Балкан

Редакција

Доминација на големото банкарско трио: Кои се петте компании со најголема добивка на Македонската берза?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница