еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре постудено: Наутро со температури во минус и магла

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавуваат свежо време со пониски утрински температури, кои во вторник некаде ќе се спуштат некој степен под нулата. Наутро на некои места во котлините ќе има услови за појава на магла.

Од УХМР информираат дека до средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.

До крајот на денот не очекува променливо облачно и свежо време. Попладне и особено во северните
делови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен до северозападен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје претпладне ќе преовладува променливо облачно и ветровито време, а попладне потивко и со доста сонце.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Охрид – 15 литри на метар квадратен, 13  во Тетово, 12 во Дебар и Попова Шапка, 11 во Пожаране, Маврово и Куманово – осум, Претор, Битола, Прилеп, Демир Капија – четири, Скопје – Зајчев Рид – три, Крива Паланка – 2, Берово и Скопје – Петровец – еден.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

43-годишен Србин најден мртов во изнајмен објект во скопска Кисела Вода

Редакција

Општина Аеродром склучи договор со “Кресцент – смартсити“ вреден 10,6 милиони евра

Редакција

Зголемувањето на пензиите ќе биде на два пати по 2.500 денари, во септември и март

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница