еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре постудено, со дожд и ветер, а на повисоките места и со снег

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека утре ќе преовладува променливо облачно време со засилен јужен ветер. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар.

Поради спуштање на значително постудена воздушна маса, во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен северен ветер, над 80 километри на час. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, особено во сабота.
Во Скопје утре ќе преовладува променливо облачно време со умерен до засилен јужен ветер, а попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на околните планини ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер. На околните планини ќе провејува снег, особено во сабота.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕАМ фестивал ги прогласи најдобрите настани за 2023

Редакција

Италија забрани туристички патување за македонските граѓани, ја премести Македонија од Д во Е листата

Редакција

Кривичен не може да одреди мерки на претпазливост за Ковачевски, бидејќи го нема

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница