еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Од земјотресот во Турција земјената маса поместена за три метри

Двата земјотреса со епицентар во Кахраманмараш, јужна Турција, и со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, предизвикаа поместување на копнената маса во Турција за три метри, изјави директорот на сеизмолошката опсерваторија Кандили во Истанбул, проф. Халук Јозгенер.

„Преживуваме вистинска природна катастрофа, досега невидена. Во еден ден имаше два земјотреса еден по друг со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала. Земјината маса се помести за цели три метри“, изјави Јозгенер.

Според турскиот научник, во 2022 година во Турција се случиле 170 земјотреси со јачина над 4 степени.

„По августовскиот земјотрес во 1999 година (во регионот на Мраморното Море), земјотресите од 6 февруари се најмоќните и најразорните во последните 24 години“, истакна тој.

Научникот објасни дека неодамнешните земјотреси во Кахраманмараш ослободиле енергија која била акумулирана 500 години, а на некои места и 700-800 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Птици и кучиња предупредија за земјотресот во Турција и Сирија

Потресно видео од девојче кое го штити братчето под урнатите по земјотресот во Сирија го обиколи светот

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло продолжена до 15 април

Редакција

Каков имот пријавил Фадил Бајрами, кој повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка

Редакција

За една недела 124 деца до 9-годишна возраст заболеле од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница