еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одбиени приговорите: На Антонио Милошоски и уште 12 лица ќе им се суди за „Моќник“

Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителениот акт поднесен од Основно јавно обвинителство, а во јавноста познат како „Моќник“ против 13 лица, донесе решение со кое приговорите на обвинетите се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

„Предметот кој е оформен по одобрениот обвинителниот акт  согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија за понатамошно судење и по насрочување на главната расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени“, информираат од судот.

Инаку, според обвинението за овој случај пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, татко му и поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, заеднички издејствувале за 100 денари од квадратен метар да се продаде објектот во кој биле сместени администрацијата и градоначалникот на општина Пласница.

Во случајот се инволвирани уште 10 лица кои биле вклучени во продажбата на објект во с. Ижишта – општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 368 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово, Тетово и Штип

Редакција

Предлогот за уставни измени не треба да се поддржи, не смее патот за Брисел да води преку Софија, кажа во Собрание Силјановска Давкова

Редакција

Државното правобранителство реагира на барањето за истрага од Антикорупциска за случајот со водителката Ејупи

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница