еМагазин
Image default
Македонија

Одложено судењето за „Титаник 2“, обвинетиот Бедредин Ибраими сметал дека расправата била закажана за 8 февруари

Судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ е одложено затоа што обвинетиот Бедредин Ибраими не дојде на денешното рочиште, бидејќи сметал дека следната закажана расправа е на 8 февруари.

Судијата Огнен Ставрев посочи дека Ибраими бил уредно поканет, како и сите останати во случајот, и дека нема дилема денешното рочиште да се одложи, но дека има дилема дали тој да биде спроведен со полиција или не.

Обвинителката Фатиме Фетаи, на тоа, рече дека не може да бара Ибраими да биде приведен, бидејќи не се исполнети условите за тоа. Очигледно е, рече Фатиме, дека настанала забуна, бидејќи како што кажаа и останатите обвинети, на минатото рочиште беа закажани повеќе термини за следни расправи.

Судот го одложи денешното рочиште за 8 февруари, но информира, дека на следното рочиште на почетокот само ќе биде изведено економското вештачење и потоа ќе се продолжи по планираното, односно со завршни зборови на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.198 нови случаи на Ковид-19 од 3.081 тестирања

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 36 пациенти, а вкупно се лекуваат 470

Редакција

Опомена од Џафери пратениците да доаѓаат на работа, се пожали и на колегите од ДУИ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница