еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одлуката важи од 12 октомври: Без ПЦР-тест ќе може да се патува во Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Врз основа на координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата донесовме одлука да овозможиме непречен влез на странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, информираше премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил.

„Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест.

Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје.

Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од Ковид-19,“ се вели во објавата.

Одлуката стапува на сила од понеделник, 12 октомври 2020 година.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ел те инженеринг“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за ремонтни активности вреден 194.000 евра

Редакција

13-годишно девојче загина од удар на гром на плажата Посиди на Халкидики

Редакција

Фонд од Холандија сака да го купи мнозинскиот удел на клиниката „Жан Митрев„

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница