На денешната седница, Владата ја усвоила програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадар, согласно со мрежата на здравствени установи (2019-2022).
„За 2019 година одобрени се вкупно 346 специјализации, за 2020 година вкупно 241 специјализации, за 2021 година 184 специјализации и за 2022 година вкупно 160 специјализации.
Покрај специјализациите, Владата одобрила и супспецијализации и тоа за 2019 година вкупно 69 супспецијализации, 24 за 2020 година, за 2021 година се одобрени вкупно 22 супспецијализации и за 2022 година одобри вкупно 16 супспецијализации“, информираа од Владата.