еМагазин
Image default
Бизнис

ОДВ Електрик го шири производството во Македонија, нови 90 вработувања и инвестиција од 4,2 милиони евра

Германската компанија ОДВ Електрик, која работи во технолошко индустриската развојна зона Струга/Охрид, денеска објави дека започнува со реализација на втората фаза на инвестицијата, односно изградба на нов дополнителен производствен капацитет од 4.500 метри квадратни метри, инвестиција од 4,2 милиони евра и нови 90 вработувања.

Компанијата ОДВ во моментов вработува 310 лица во својот објект со површина од 4.500 метри квадратни, а со новата инвестиција производствениот простор се удвојува и ќе изнесува околу 10 илјади метри квадратни.

На крајот на 2017 година ОДВ Електрик вработуваше околу 2.200 лица во сите четири фабрики, изјави извршниот директор на ОДВ Електрик, Мартин Ехрет, при потпишување на Меморандумот за реализација на втората фаза на инвестицијата.

“Доколку глобалната економија го одржи овој чекор ОДВ Електрик планира и натаму да инвестира во Македонија. На крајот на нашиот инвестициски циклус, ОДВ Електрик проценува дека ќе инвестира околу 15 милиони евра, а ќе вработува повеќе од 1.000 лица“, нагласи Ехрет.

ОДВ Електрик е основана во 1970 годината и се уште е во сопственост на основачките семејства. Покрај фабриката во Германија, во моментов компанијата работи со четири дополнителни подружници на југот на Унгарија, западниот дел на Украина, Македонија и Мексико.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МИК „Свети Николе“ го доби тендерот на МВР за набавка на свежо месо вреден 479.000 евра

Редакција

Државниот завод за статистика купува автомобил за 16.500 евра

Редакција

Кои се најголемите акционери во Стопанска банка-Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница