еМагазин
Image default
Македонија

Одземен имунитетот на судијата од Управниот суд, одбиено барањето за притвор

Судскиот совет попладнево на итна затворена седница донесе одлука да му се одземе имунитетот на судија од Управниот суд заради непречено водење на кривичната постапка.

На седницата е донесена и одлука со која не е одобрено барањето за определување  мерка притвор за судијата, кој е осомничен за злоупотреби со предмет за денационализација.

Судијата се повикал на правото на судиски имунитет откако Обвинителството за организиран криминал и корупција побара од судија на претходна постапка да му одреди притвор, информираа од Кривичниот суд.

-До судија на претходна постапа при Основниот суд Скопје 1 – Скопје од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден е доставен предлог за определување мерка притвор за едно лице – судија во Управен суд на Р.С.М. заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.5 в.в. со ст.3 и в.в. со ст.1.

Со оглед да се работи за судија кој се повикал на правото на судиски имунитет, до Судскиот совет на Р.С.М., како надлежен орган, е доставено барање за одобрување мерка притвор, имајќи го во предвид правото на судиите во вршење на судската функција и уживање имунитет, а согласно член 100 од Уставот на Р.С.М. во врска со амандманот 27 и 29 и член 65 од Законот за судови. Откако Судскиот совет ќе се произнесе по барањето на Кривичниот суд , судија на претходна постапка ќе одлучува, а странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, се наведува во денешното соопштение од Кривичниот суд.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судија на Управен суд под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 119 случаи на Ковид-19 од 2.324 тестирања

Редакција

И Македонија е на списокот на Русија на листата на непријателски земји

Редакција

Груевски не ги коментира исклучувањата од партијата, но посакува обединето ВМРО-ДПМНЕ кое ќе го урне злото

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница