еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Огњановски, на кого му беше трансплантирано срце: Повторно ќе го живеам животот со полни гради, затоа што животот е еден!

Педесет и четиригодишниот Иван Огњановски на кого на 23 мај на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија му беше трансплантирано срце денеска беше на контролен преглед во таа јавна здравствена установа.

– Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е во добра здравствена состојба и е првиот пациент во земјава на кого му беше трансплантирано срце. Вели дека мора да продолжи да го живее животот, бидејќи животот е еден, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Огњановски изјави дека одлично се чувствува.

– Комплетно сум задоволен од целиот лекарски тим на Клиниката. Тие сега се и мои другари. Постојано се слушаме на телефон и ме прашуваат како сум. Еднаш неделно одам на контрола и примам терапија.

Им се заблагодарувам од срце за сѐ што сторија за мене, особено и на моето семејство кое ми беше најголемата поддршка да го издржам целиот овој период. Повторно ќе го живеам животот со полни гради, затоа што животот е еден!, истакна Огњановски.

Фото: Фејбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Висока температура, најчест симптом кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Сите цивили кои пристигнаа од Авганистан во Македонија се негативни на Ковид-19

Редакција

За 3 години потрошени 5 милиони евра: Антикорупциска најде слабости во набавките на возилата од јавните институции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница