еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Момче од Куманово почина по пад од хотелски балкон во Тирана, оградата не била добро фиксирана

Tрагичен настан се случи во Тирана, кога 28-годишно момче од Македонија паднало од балкон на хотелот „Рогнер” и починало, јави Топ чанел.

Според истиот извор, станува збор за гостин во хотелот, кој во моментот кога се потпрел на металната ограда на балконот, таа се откачила и тој паднал.

– Првичните сознанија од истрагата потврдуваат дека металната ограда не била добро фиксирана и како последица на тоа момчето паднало од голема височина, односно од петтиот кат на хотелот.

На местото каде што било паднато телото била и металната ограда. Истрагата продолжува, се наведува во полициското соопштение.

Момчето веднаш било пренесено во болница, каде им подлегнало на повредите.

Дел од албанските медиуми наведуваат дека станува збор за момче од Куманово, кое во Тирана допатувало на неколкудневен одмор од Швајцарија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Глобален настан Климатон во Охрид: Зголемена соработка и заеднички активности неопходни за борбата со климатските промени

Редакција

Меѓународно признание за иницијативата Global Engineer Girls

Редакција

Немам проблем со посетата на рускиот митрополит Антониј додека е во рамки на црковната дипломатија, вели Пендаровски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница