еМагазин
Локално

Охриѓанец пронајден починат на работното место

На 09.09.2018 година во 21.34 часот во Полициската станица Охрид, вработен во „Телеком“-Охрид, пријавил дека на влез во објектот на „Македонски Телеком“ на ул.„Партизанска“ бил пронајден починат М.С.(46) од Охрид, вработен во Агенција за обезбедување, која била задолжена за обезбедување на објектот, информира МВР.

Од страна на доктор од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Со согласност на Јавен обвинител , телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крвав крај на пресметка меѓу врсници: Малолетник убиен со нож во Лисиче

Редакција

Приведени учителка и улични дилери на дрога: Голема полициска акција во Скопје

Редакција

ИСОС започнува серија средби со сметководителите ширум земјата заради јакнење на професионалните стандарди

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница