еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Охрид ќе добие мониторинг станица за следење на квалитетот на воздухот

На булеварот „Туристичка“ во Охрид почна поставувањето на автоматска мониторинг станица за следење на квалитетот на амбиентниот воздух, проект на Министерството за животна средина и просторно планирање, вреден околу 100.000 евра.

Станицата ќе биде дел од државната мрежа за мониторинг на квалитетот на амбиентен воздух и ќе биде управувана од ресорното министерство, а Општина Охрид ги обезбедила сите потребни одобренија и дозволи за поставување, согласно законската регулатива.

– Со овој уред ќе се воспостави механизам за редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот и изворите на загадување, што е од особено значење за жителите на Охрид, информира општинската прес-служба.

Фото: Министерство за економија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОН: Сегашното глобално затоплување е најсилно во последните 200 илјади години

Редакција

ТАВ Аеродроми ја потпиша „Декларацијата од Тулуз“: Европските аеродроми на пат кон декарбонизација на воздухопловната индустрија

Редакција

Граѓанските здруженија бараат од Заев и Пендаровски армијата и полицијата да се вклучат во борбата против загадувањето

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница