еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Охридска пекара „Лихнида“ нуди леб и бели пецива бесплатно

Охридската пекара „Лихнида“ нуди помош на оние кои најмногу им треба, односно дава пецива и леб без пари. Идејата се родила од актуелната состојба со пандемијата на Ковид- 19.

„Бројот на луѓе кои доаѓаат во нашата пекара е педесеттина на ден, па и повеќе. На почетокот интересот беше помал, поради срам од околината, но гледаме дека таа бројка е се поголема.

Гледаме дека многу луѓе останаа без работа во овој период на пандемија и живеат на работ на егзистенција. Сакаме да помогнеме, да дадеме наш скромен придонес, за оние наши сограѓани на кои сега помошта им е повеќе од неопходна“, велат од пекара Лихнида во Охрид.

Oд таму се надеваат дека нивниот чекор, ќе биде пример и за други компании од градот и пошироко, да помогнат на заедницата начин на кој можат.

Извор: Православно секојдневие/Фото-вест на Мики Трајковски од Охрид/Фото: Лихнида/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) „Фрајле“ на хуманитарен настан на брендот „Ребека“ за жените заболени од рак на дојка

Редакција

Голем успех: „Исцелител“ го освојува Сан Франциско

Редакција

(Фото) 1.200 ученици во Прилеп за празникот 11 Октомври го формираа македонското знаме

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница