еМагазин
Image default
Бизнис

Оилко лани со зголемена добивка

Во периодот јануари – декември 2018 година Оилко оствари вкупни приходи во висина од 430 милиони денари и вкупни расходи од 374,1 милиони денари при што оствари добивка пред оданочување од 55,9 милиони денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Друштвото прикажа добивка по оданочување во висина од 52 милиони денари, за разлика од минатата година кога во истиот период Друштвото оствари добивка од 47 милиони денари што претставува зголемување на истата за 11%.

Ваквиот резултат се должи на зголемување на оперативните приходи за 9% во услови на зголемување на приходи од продажба на домашен и на приходи од продажба на странски пазар,  зголемени оперативни расходи за 7%, најмногу поради зголемената амортизација на возниот парк како резултат на процесот на инвестирање во истиот, зголемени количества на превезени нафтени деривати со вагон цистерни коишто се дадени под закуп со фиксен износ.

Во изминатите години ваквиот транспорт се одвиваше во помал обем поради честите штрајкови на железниците, како и поради честите санациии на определени делници на пругата.

Зголемениот железнички транспорт од страна на закупецот, резултираше со намалување на користење на капацитетите на авто цистерните на Друштвото коишто остваруваат приход пресметан по цена за секој литар или килограм превезен нафтен дериват, зголемена цената на дизел нафтениот дериват како погонско гориво на возниот парк на Друштвото“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анѓушев: Големите фирми зависат од државната набавка на енергенси по пониски цени

Редакција

Топ пет компании од Македонската берза со најголем профит

Редакција

Маја Аргировска разрешена од Управниот одбор на ПИОМ по нејзино барање

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница