еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Околу 130 верници пријавени за фаќање на светиот крст во Скопје

Околу 130 верници се пријавени за фаќање на светиот крст, кој утре околу пладне ќе биде положен во реката Вардар во Скопје.

Како што информираат за МИА од МПЦ-ОА – Скопска епархија, сите пријавени се полнолетни и се проверени на спортска медицина, а некои учесници се спортисти.

Во 9 часот ќе почне архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во која ќе учествува и архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан.

Литургијата ќе заврши околу 11 часот, а потоа ќе следи голем освет на водите во припратата на црквата.

Околу 11:15-11:20 часот, архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“. Таму веднаш ќе почне церемонијата „Водици“, каде архиепископот ќе го положи крстот во реката Вардар околу 12 часот.

Од МПЦ-ОА – Скопска епархија, посочуваат дека утре е голем празник во православната црква. Верниците се поздравуваат со поздравот „Бог се јави“. Апелираат верниците да бидат присутни во храмовите, да учествуваат активно во божествената литургија со тоа што ќе се причестат.

Сите верници кои утре ќе се обидат да го фатат крстот тоа да го прават од верски побуди, достоинствено, со почит и со страв божји.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Инвестиција од 103 милиони евра: Ист Гејт Мол ги отвори портите

Редакција

(Видео) Анонимуси хакираа руски телевизии, на Русите им пуштија снимки од руските воени дејствија во Украина

Редакција

Анкета на ИРИ: Мнозинство граѓани поддржуваат влез во ЕУ и НАТО под „Република Северна Македонија“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница