еМагазин
Спорт ТОП СТОРИИ

Ѓоковиќ по 10. пат го освои Австралија опен и се враќа на првото место на АТП ранг-листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес во финалето на Австралија опен го победи Гркот Стефанос Циципас со 3:0, по сетови 6:4, 7:6 и 7:6.

Србинот по 10-ти пат во кариерата го освои турнирот во Австралија и по 22 пат дојде до трофеј на Грен слем изедначувајќи се со Шпанецот Рафаел Надал на вечната листа победници.

Ѓоковиќ серираше седум аса, направи три двојни грешки и реализира две од пет брејк топки. Циципас имаше 15 аса, три двојни грешки и една реализирана брејк топка од три шанси.

Новак стана вториот тенисер со двоцифрен број трофеи на еден Грен слем. Надал има 14, сите на Вимблдон.

Циципас ја продолжи серијата порази од Ѓоковиќ која трае 10 меча. Сега нивниот биланс во меѓусебните средби е 11:2.

Австралија опен 2023 се играше за награден фонд 51,5 милиони долари.

Ѓоковиќ: Според околностите, ова е најголемата победа во мојот живот, само тимот и семејството знаат низ што минавме во последните 4-5 недели

Ѓоковиќ проговори за тоа колку е значајна за него неговата 10. победа на Австралија опен.

– Морам да кажам дека ова беше еден од најтешките турнири во мојот живот. Не играв минатата година и се вратив оваа. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме примија, ми направија да се чувствувам удобно во Мелбурн и Австралија.

Само мојот тим и семејството знаат низ што минавме во последните четири или пет недели. И би рекол дека, со оглед на околностите, ова е најголемата победа во мојот живот, рече Ѓоковиќ.

По триумфот во Мелбурн, Ѓоковиќ од утре се враќа на првото место на АТП ранг-листата.

МИА/Фото: Фејсбук/AustralianOpen

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ковачевски со највисоки државни и воени почести го пречека Рама пред Владата

Редакција

Руските сили влегле во областа Чернобил, можно оштетување на објектот за складирање нуклеарен отпад

Редакција

Убава вест: 85 оздравени од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница