еМагазин
Спорт ТОП СТОРИИ

Ѓоковиќ се „јави“ од терените во Мелбурн: Сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија опен

Откако австралискиот суд ја поништи одлуката за да му се укине визата, со што му се овозможи престој во Австралија, Новак Ѓоковиќ објави фотографија од терените во Мелбурн.

„Му благодарам на судијата што донесе пресуда да ми се врати визата за престој во Австралија. И покрај се што се случуваше изминатата недела, сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија опен.

Останувам концентриран на тенисот. Патував овде за да учествувам на еден од најважните турнири во историјата, и дефинитивно еден од најуспешните за мене.

Моментно толку можам да напишам, и нормално, едно огромно благодарам на сите ширум светот кои ме поддржуваа, ми даваа сила и ме охрабруваа да останам присебен и силен,“ напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Но, дали Ѓоковиќ ќе остане во Австралија, се уште не се знае, бидејќи министерот за имиграција Алекс Хок, има исклучителни овластувања и дискреција да поништува визи од кои било причини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралискиот суд пресуди во корист на Ѓоковиќ, но се уште е неизвесно дали ќе биде депортиран

Фото: Инстаграм/Ѓоковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чии акции биле најтргувани на Македонската берза во 2020 година

Редакција

Каков имот пријавил новиот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски

Редакција

НЛБ Банка ќе дели дивиденда од 2.596 денари бруто по акција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница