еМагазин
Убава приказна

ОКТА одбележува 40 години

ОКТА 40 години е синоним за сигурна и безбедна испорака на квалитетни горива на домашниот пазар и во регионот. Токму годинава, компанијата, која е главен снабдувач со горива во земјава, го одбележува својот 40-годишен јубилеј, информираат од компанијата.

„Денеска ОКТА го поседува најсовремениот логистички систем и напредна технологија со што обезбедува врвен квалитет на своите производи и услуги. Како дел од групацијата Хеленик Петролеум, компанијата е поврзана насекаде во регионот и важи за најсигурен партнер, предводник во сферата на трговија, снабдување и дистрибуција на нафтени деривати.

Преку малопродажната мрежа од 26 современи бензински станици распространети ширум земјата, на крајните корисници ОКТА секогаш им гарантира точна количина и проверен квалитет.

Значаен сегмент од работењето на ОКТА опфаќа и грижата за здравјето и безбедноста на своите вработени, како и заштитата на животната средина. Долгорочната посветеност на компанијата кон грижата за заедницата, е препознатлива по бројните општествено одговорни практики кои имаат за цел да создадат вредности и придобивки за целата заедница.

Чекорејќи 40 години по патот на успехот, ОКТА останува да биде фокусирана кон постигнување одржлив развој, притоа секогаш стремејќи се да обезбеди редовно и непречено снабдување на пазарот, со горива со европски квалитет.

Одбележувајќи го сето она што го има постигнато, ОКТА јубилејната кампања ја започна со објавување на видео спот, во кој на модерен и стилизиран начин се прикажани вредностите кои се препознатлив белег за брендот – современа, ефикасна, транспарентна и одговорна компанија која чекори напред“, велат од компанијата.

IFrame

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот студент Виктор Ивановски ја освои престижната „Annie“ награда за анимиран филм во Лос Анџелес

Редакција

(Фото) Нашата Горјана-Џоја заштитно лице за српскиот бренд МОНА

Редакција

(Фото) Кој дојде на донаторската гала-вечера на која се одбележаа 10 години од постоењето на Македонија2025

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница