еМагазин
ЖИВОТ

Октомври посветен на борбата против рак на дојка – продолжува националната скрининг програма за рано откривање

Ракот на дојка е најчесто малигно заболување кај жените и месец октомври е посветен токму на борбата против ракот на дојка, неговата превенција и рано детектирање.

Со цел навремена дијагностика и рано откривање на ова заболување, Министерството за здравство информира дека од 1 ноември продолжува националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка.

Ова е посебно значајно за жените кога имаат знаци за промени во дојката или треба да направат контрола, и овие активности се иницирани за навремена дијагностика, односно жената да стигне на преглед навремено со цел откривање на ракот на дојка во раната фаза.

Жените од возрасната група од 45 до 69 години ќе бидат опфатени во националната скрининг програма, кои не направиле мамографија последните две години, додека жените на возраст од 40 до 44, кои имаат член во семејството со рак на дојка и или друг дополнителен ризик фактор ќе имаат можност самоиницијативно да се пријават за скрининг мамографија на посебна страница за таа намена.

Скрининг мамографијата е бесплатна за жените во програмата, партиципацијата ја покрива Министерството за здравство.

Исто така, се иницирани промени во начинот на упатување и закажување преглед за мамографија, ехо и биопсија, каде ќе се овозможи на радиологот да ја упатува жената со цел да се намали времето и патот на жената од преглед до третман.

Во завршна фаза е и склучувањето договори за набавка на нови најсовремени мамографи во соработка со Светска банка за јавните здравствени установи со што значително се доближува оваа здравствена услуга поблиску до местото на живеење и токму преку регионализација фокусот се става на навремената дијагностика и рана детекција на ова најчесто малигно заболување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Сопругата на Пендаровски, која е стоматолог се вакцинираше против Ковид-19

Редакција

(Фото) Милош кој немаше финансии за кардиолошки прегледи, утрово е прегледан

Редакција

„Аџибадем Систина“ набави 15.000 тестови за корона вирусот, капацитетот е до 300 тестови дневно по цена од 1.200 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница