еМагазин
Image default
Македонија

Олабавени антиковид мерките за граѓаните на САД кои патуваат во Македонија

Центрите за контрола и превенција на болести на САД синоќа ги обновија препораките за патување во Северна Македонија до ниво 1, што значи дека важат стандардни мерки за безбедност при патување со вообичаена внимателност.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, центрите укажаа на ниско ниво на Ковид-19 во земјата и на понизок ризик за зараза или развој на тешка форма на болеста за оние кои се целосно вакцинирани со вакцини одобрени од Агенцијата за храна и лекови на САД..

Прес-службата на Стејт департментот соопшти дека по направена анализа за безбедноста при патување, претпазливите мерки се обновени и спуштени на ниво 1 за Северна Македонија, како и за Бермудите, Габон и Романија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Делта сојот станува подоминантен и во Македонија

Редакција

Достоинство на Стојанче Ангелов ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, излезе од коалицијата со СДСМ

Редакција

Зеколи за изјавата на Заев: „Седи во мерцедесот на Грујо, се фали со проекти на Грујо и вика „завидлизам“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница