еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Омикрон не е последната варијанта на коронавирусот, велат од СЗО

Високата претставничка на Светската здравствена организација (СЗО), Марија ван Керхове ги предупреди земјите кои мислат дека ставиле крај на пандемијата на коронавирусот, бидејќи бележат пад на бројот на новозаразени, дека омикрон не е последниот сој на оваа пандемија.

– Во многу земји како Велика Британија, каде има развиено високо ниво на имунитет на населението од инфекции, каде што покриеноста со вакцинација е висока, ќе видат разлика во иднина. Вие се наоѓате во втората фаза од пандемијата, рече таа за Би-Би-Си.

Таа истакна дека од досега администрираните 10 милијарди дози вакцини против коронавирусот, има уште три милијарди луѓе кои ја чекаат првата доза.

– Сè уште имаме многу чувствителна популација. Тоа е глобален проблем, затоа мораме да го третираме со глобални решенија, рече таа, додавајќи дека пандемијата на коронавирусот нема да заврши со овој бран на омикрон и дека тоа не е последниот сој за кој ќе зборува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Д-р Драган Ѓорѓиевски: Омикрон често ги напаѓа очите

„Атипична силна главоболка, гребење во грло“: Д-р Беќаровски ги објаснува симптомите на омикрон

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се јави Исламска држава: Додека крстоносците водат војна во Украина, време е за акција

Редакција

Попусто нови вработувања и партиски ботови: Се бара судски епилог за криминалците од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Редакција

Изложба „Париски рефлексии“ во Чифте амам од Коџоман, Кондовски, Шијак, Мазев..

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница