еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

ОН: Речиси илјада новинари се убиени во последните 10 години

Во последните 10 години во светот се убиени 958 новинари, соопшти денеска високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк, цитиран од ДПА.

Во истиот период, повеќе од илјада новинари беа затворени, рече тој на почетокот на конференцијата во Виена посветена на заштитата на медиумските работници.

„Овој број е неприфатлив“, рече Турк во видео-обраќањето од Женева.

Конференцијата е во организација на австриското Министерство за внатрешни работи заедно со Обединетите нации по повод 10-годишнината од воведувањето на Акцискиот план на ОН за безбедност на новинарите.

Според Турк, планот постигнал успех, бидејќи мерките за заштита на медиумските професионалци се воспоставени или зајакнати во околу 50 земји.

Во последниве години, просечниот број на убиени луѓе е намален, но потребни се повеќе напори за заштита на новинарите, нагласи тој.

„Секоја и секаква закана за новинар е закана за вашите права, моите права и правата на сите на слобода на информирање, мислење и изразувањ“, нагласи шефот на агенцијата за човекови права на ОН.

Тој, исто така, објави дека од 2006 година, само 13 отсто од убиствата поврзани со медиумите биле успешно истражени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов сој на Ковид-19 регистриран во 36 земји низ светот

Редакција

Дизелот и Еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ со пониски цени

Редакција

И Русковска добила закани: Ми се закануваа дека ќе ме убијат ако не ги осудам Зоран и Вице Заеви

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница