еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

„One Stop Shop“на Блаце: Една контрола и на границата со Косово

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека се финализирани техничките подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце, по што за брзо граѓаните ќе ја поминуваат границата побрзо и со една контрола.

„Денеска заедно со вицепремиерот Меџити и мојот колега министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла бевме во посета на граничниот премин „Блаце“ на увид на финализирањето на инсталацијата на техничката опрема и системи, за во краток временски период да го почнеме тест периодот на системот „One Stop Shop“ којшто треба да овозможи побрз премин на нашите граѓани кои патуваат помеѓу Македонија и Косово.

Констатиравме дека сета опрема од технички аспект којашто треба да се имплементира и инсталира е во фаза на инсталација и започнуваме со подготовки на вмрежување на двата системи. Имавме можност да видиме како ќе функционира технички тоа, во рамки на една единствена платформа.

Информациите ќе се споделуваат меѓу двете министерства со цел да овозможиме со проверка на само еден полициски службеник косовските граѓани да влезат во Македонија и македонските граѓани да влезат во Косово. Секоја држава го штити својот влез.

Со овозможување на мали градежни зафати кои што ќе овозможат проширување на влезовите кон Македонија, ќе создадеме соодветни услови и влезот кон Косово од моменталните три кабини да биде на шест позиции,“ информираше Тошковски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дијаг“ го доби тендерот на Владата за набавка на благодарници за здравствените работници вреден 100.000 евра

Редакција

Јасмина Цветаноска избрана за генерална директорка на „Лотарија на Македонија“

Редакција

За Русија остануваме Република Македонија: Не го менуваме ставот од пред 26 години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница