еМагазин
Свет

Џонсон за голготата што ја преживеал во битката со корона вирусот: Цело време се прашував како ќе се извлечам од ова

Британскиот премиер Борис Џонсон во интервју за неделникот „Сан“ ја раскажа неговата битка со корона вирусот додека престојувал во болница.

Џонсон откри дека ситуацијата му била исклучително тешка, и многу малку го делело од смртта. На интензивна нега, каде што престојувал, добивал литри и литри кислород, за да преживее.

Додека тој се борел за живот, британската влада подготвила план за функционирање, доколку ја загуби битката.

Она што го одржало во живот вели, дека била желбата да го прекине страдањето на другите и да ја врати Велика Британија на нозе.

„Беше чудно да се гледа на мониторите како индикаторите постојано одат во погрешна насока. Тоа беа многу тешки моменти, нема да лажам. Цело време се прашував како ќе се извлечам од ова“, вели Џонсон во интервјуто.

Во чест на лекарите кои се бореа за неговиот живот, тој го крсти и синот, Вилфред Лори Николас. кој го доби два дена откако се врати на работа.

Николас е посвета на докторите Ник Прајс и Ник Харт, кои му го спасија животот на Џонсон минатиот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хрватски „РТЛ“: Земјите од поранешна Југославија го „растурија“ корона вирусот, сиромашните подобро се справија од богатите

Фото: Фејсбук/Џонсон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џулијан Асанж предмет на софистицирана шпионска операција

Редакција

(Видео) Бројката на загинати во поплавите во Шпанија се искачи на 158

Редакција

Коронавирусот не е направен од човек, тврдат американски разузнавачи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница