еМагазин
Image default
Македонија

Опасна бактерија откриена кај вработен во Стоматолошкиот клинички центар

Кај еден од вработените во Универзитски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ – Скопје е најдена бактерија МРСА, но тој е изолиран и не доаѓа на работа, сопшти директорката на оваа јавна здравствена установа, Амела Сана.

Таа наведува дела со целосна одговорност уверува оти нема место за страв кај пациентите.

„Состојбата е под контрола, преземени се сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Превентивно, направена е комплетна дезинфекција на просториите на катот каде вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории“, истакнува Сана.

Таа наведува дека, иако кај ниту еден од останатите вработени нема сомнителни симптоми, превентивно по итна постапка во текот на денешниот ден се закажани термини за санитарен преглед на сите вработени во просториите на Клиниката.

„Согласно наведеното, апелираме дека нема потреба од создаваање паника, ниту каков било сомнеж за сигурно и квалитетно давање стоматолошки здравствени услуги на нашите пациенти“, посочува директорката на Стоматолошкиот клинички центар.

МРСА е бактерија што е отпорна на антибиотици, а се пренесува со директен контакт со заболено лице или заразен материјал. Предизвикува опасни крвни инфекции, воспаление на белите дробови или инфекции на местото на хируршкиот зафат.

Симптомите се појава на булбуси на кожата коишто се црвени, отечени, болни и топли на допир, како и висока температура, грозница, слабост, болки во мускулите и така натаму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, пријавил закани од сограѓанин

Редакција

Детали за 25-годишниот пациент од Берово, кој почина од сепса: На Ургентен во Скопје бил примен во многу тешка состојба, со знаци за тешка системска инфекција

Редакција

(Фото) Натепан копретседателот на бугарскиот клуб „Шемето“, бугарските медиуми на инцидентот му залепија етнички предзнак

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница