еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Оперативно-техничката агенција за 5.000 евра месечно ќе се смести во простории на Македонски Телеком

„Македонски Телеком“ преку Македонската берза известува дека е склучен договор за закуп за деловен простор со Служба за општи и заеднички работи при Влада на Република Македонија (СОЗР), како зделка со заинтересирана страна, со оглед дека Владата на Република Македонија е акционер на Друштвото којашто поседува над 38% од акциите со право на глас.

„СОЗР ќе го користи закупениот простор за потребите за сместување на Оперативно-техничка агенција. Договорот се склучува за период од 2 месеци почнувајќи од 01.11.2018 година, а предмет на закуп е простор кој е во сопственост на друштвото и се наоѓа во склоп на деловниот објект – зграда ТК Центар – Скопје, лоцирана на ул. Орце Николов бб во Скопје, за месечна закупнина во износ од 5.000 евра без ДДВ“, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Зоран Ангеловски, првиот директор на ОТА, која ќе го следи прислушувањето

Што ќе работи ОТА?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се стравува дека бројката уште ќе расте: 40 загинати од земјотресот во Албанија

Редакција

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

Редакција

Не била пријавена никаква родителска негрижа за починатото дете во пожарот во Гостивар, кое било врзано со ланци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница