еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Опожарена трска на крајбрежјето во Струга

Опожарена е трска на брегот на Охридското Езеро во пожар што попладнево околу 17 часот се случил на потегот од плажата Версус, кон селото Калишта.

Според првичните проценки на очевидци, изгорена е повеќе од 300 квадратни метри трска во и околу езерото.

Пожарот, како што потврдија за МИА од Територијалната против пожарна единица – Струга целосно е ликвидиран.

„Интервениравме со две противпожарни возила и четворица пожарникари. Пожарот е целосно ликвидиран“, информира ТППЕ – Струга.

Тешкотии при гасењето на пожарот предизвикал ветерот, кој засилено ги ширел огнените јазици.

Причините за настанување допрва ќе се утврдуваат, но според првичните информации се работи за подметнат пожар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје: Околу 1.600 домаќинства аплицирале за субвенции за набавка на инвертери

Редакција

ССК со предлог од 10 мерки за институционално справување со загадувањето и климатските промени

Редакција

Исчистени 450 тони линдан од малата депонија во „ОХИС“, до крајот на годината се планира целосно отстранување на отпадот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница