еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Општина Аеродром бара 200 лица за јавни работи за дневница од 550 денари

Општина Аеродром објави оглас за ангажирање на 200 лица за вршење јавни работи за периодот на 2019 година.

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата за јавни работи на територија на Општина Аеродром за периодот до 31.12. 2019 година, за работно ангажирање со полно работно време односно 40 часа неделно.

Обврски на ангажираните работници ќе бидат: одржување на чистотата/ хигиената на јавните површини (чистење на смет, празнење на уличните корпи за отпадоци, чистење/собирање на суви лисја, гранки и сл. одржување на зеленилото на јавните површини и парковите на територија на општина Аеродром (косење трева, поткастрување гранки и сл. одржување на локалните улици, патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на општина Аеродром (чистење на снег на пешачките премини, пешачките патеки, плочници и тротоари, целосно чистење на мостовите, чистење на снег од уличните клупи и корпи за отпадоци) и сл.

Висината на дневниот паричен надоместок изнесува 550 денари.

Повеќе детали ТУКА.

Фото: Општина Аеродром

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарот на планината Серта е ставен под контрола, но се уште се гаси

Редакција

Горивата поевтинуваат за половина денар

Редакција

(Видео) „Ако утре ме нема, тажни да не ве гледам“, пееше Андреј, групата ДНК загуби седум членови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница