еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Општина Аеродром и Муцунски казнети со 88.000 евра поради исфрлање на отпад на јавна површина

Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните, информираат од Град Скопје.

„Имено, Општина Аеродром преку компанијата „Пирамид Билдинг” ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во ЈП „Дрисла” го исфрлала општинскиот отпад на зелена површина, во парк во близина на управната зграда на ФФМ на бул.АСНОМ со што направиле нова дива депонија.

Рокот за подмирување на казната е 8 дена од денот на изрекувањето, во спротивно истата присилно ќе се наплати. Дополнително, против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ѓубрето од Аеродром и Кисела Вода заврши пред портите на Дрисла, откако на камионите не им беше дозволено да влезат во депонијата

Фото: Општина Аеродром

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Објавен трејлерот од комедијата со Сашко Коцев и Јелена Јованова, „Нешто слатко“

Редакција

Матичните лекари за утре најавуваат протест, ќе работат единствено со итни случаи

Редакција

Твитер „полуде“ за писмото до судиите: „Не се Бејли, Маре мори, не се црви“

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница