Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се заблагодари на брзата интервенција на пожарникарите во гаснење на станот на „Рузвелтова“, но и најави дека општината е подготвена финансиски да помогне во санација.
Денеска избувна голем пожар во стан на „Рузвелтова“, а пожарникарите интервенираа со пет возила, при што спречија пожарот да се прошири и да ги зафати другите станови.
Причините за избувнување на пожарот се уште се утврдуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар целосно уништи стан на улицата „Рузвелтова“ во Скопје, пожарникарите спречија да се прошири