еМагазин
Image default
Бизнис

Општинските каси на Куманово и Штип блокирани поради долг кон ЕБОР

Владата на една од последните седници ги разгледала барањата на Општина Куманово и Општина Штип кои се однесуваат на отежнато функционирање на општините поради блокада од извршени  судски решенија за експропријација и налози за извршување од страна на Министерството за финансии по основ на ненавремено плаќање на обврските од заостанатиот долг кон ЕБОР за кредитот МЕАП кој го има земено ЈП Водовод – Куманово односно ЈП Исар Штип.

„Се задолжуваат Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство да подготват и во рок од една недела до Владата да достават соодветен предлог за плаќање на општините Куманово и Штип (ова да важи и за сите општини со ваков проблем) на остатокот од долгот по МЕАП Програмата спрема државата и можност за бришење на каматите“, заклучила Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градежната оператива извршила за 52,3% повеќе градежни работи во странство од лани

Редакција

Продаден блок акции од „Тетекс“ за 146.000 евра

Редакција

Општина Аеродром на изградба на паркови за миленичиња ќе потроши 1,2 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница