еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Оштетени магистрални оптички кабли на Телеком на повеќе локации, од компанијата велат дека проблемот е решен

Од Македонски Телеком ги известуваат корисниците дека утрово беа оштетени главни магистрални оптички кабли на Телеком на повеќе локации во Кумановскиот и Струмичкиот регион преку кои поминува голем дел од мобилниот и фиксен сообраќај.

Штетата е направена од градежни работи на трети страни, што предизвика пречки во услугите кај поголем број корисници, велат од таму.

-Поради ова, Македонски Телеком ќе ги преземе сите потребни активности за поведување на постапка пред надлежните органи против лицата одговорни за штетниот настан.

Бараме од сите изведувачи на градежни работи да работат совесно и внимателно, затоа што предизвикуваат штета на сите граѓани, односно нашите корисници, кои остануваат без неопходните комуникациски услуги.

Санирањето на вакви големи штети подразбира повеќечасовно работење на терен, но нашите тимови интензивно работеа и за краток временски период услугите се повторно достапни.

И покрај тоа што станува збор за прекин предизвикан од трети страни, како одговорна компанија која се грижи за задоволството на своите корисници, на сите наши приватни и деловни корисници им доделуваме 10 GB мобилен интернет до крајот на месец август 2023 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекини на услугите на Македонски Телеком поради оштетени кабли при градежни работи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Украинците тврдат дека го погодиле со проектил: Потона „Москва“, главниот брод на руската Црноморска флота

Редакција

258 работодавачи се уште не поделиле плата, а зеле државна помош

Редакција

Каков имот нуди Јанева како гаранција за да излезе од притвор?

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница