еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Oсигурениците најмногу се жалат на штети во сообраќај покриени со европски извештај

Повеќе од 200 осигуреници се пожалиле до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) на работата на осигурителните компании во првите девет месеци годинава. Во овој период АСО реши 40 претставки во корист на осигурениците што е за 82 отсто повеќе од истиот период лани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

„Од аспект на видот на осигурување најголем број на претставки односно 68, очекувано, се поднесени за штети покриени со осигурување од автомобилска одговорност, најголема класа осигурување која е задолжителна со закон.

Меѓу нив најбројни се поплаките на осигуреници за случаи кои требало да бидат обештетени со европски записник. Такви се 42 претставки или двојно повеќе во споредба со истиот период лани.

Значаен раст на бројот на поднесени претставки има кај штети покриени со осигурување имот. За првите девет месеци поднесени се 49 претставки што е за 3,5 пати повеќе од истиот период лани.

Во значајна мерка растот на претставки се должи на штети кои ги предизвика земјотресот во Битола на почетокот на годинава, а постои веројатност дека дел од претставките се однесуваат и за штети кои ги предизвикало невремето во Тиквешијата и во Скопје во август годинава,“ се вели во соопштението.

За истакнување е фактот што годинава е намален бројот на претставки за штети во сообраќај кај кои се решавало врз основа на полициски записник. А воедно за 30 отсто е намален и бројот на претставки поднесени против компанитие за осигурување живот.

Според причините заради која се поднесуваат, најбројни се претставките во кои осигуреници се жалат на основата по која осигурителните компании ги утврдувале надоместоците за штета. Во овој период се поднесени 87 вакви претставки што е за 74 отсто повеќе од истиот период лани.

Најголем раст на поплаките според причината за поднесување има кај претставките за начинот на кој компаниите ги обработуваат штетите. За овој период се поднесени 36 такви претставки што е за 5 пати повеќе во споредба со првите девет месеци во 2021 година.

Од вкупно 203 поднесени претставки од почетокот на годинава па до крајот на септември решени се 137. Во процес на решавање се 27, подносителите самоволно повлекле 18 претставки, а констатирано е дека без основ за постапување се 22 поднесоци.

Од сите 203 претставки граѓани поднеле 166 поплаки што е за 57 отсто повеќе во споредба со периодот јануари-септември 2021 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за медиуми го испитува сопствеништвото на телевизијата 1ТВ

Редакција

Се е под контрола со Ковид-19 во Македонија, не изолираа како глувци

Редакција

Нула минути чекање на граница и една работна дозвола – бараат бизнисмените од Македонија, Србија и Албанија

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница