еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети е повикан во Хаг како сведок, тврди Османи

Пред државни микрофони не одговарам на партиски прашања, но Али Ахмети е повикан во Хаг како сведок, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров по повод размената на ресорите.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, утре треба да сведочи на Специјалниот суд за воените злосторства во Косово.

Како што беше потврдено од неговиот кабинет, Ахмети ќе оди за Приштина да сведочи за неговата улога во ОВК.

Меѓународните обвинители побарале Ахмети да биде два дена на располагање за неговото сведочење.

Лидерот на ДУИ Ахмети минатиот месец на неговиот Фејсбук-профил објави дека на покана од Специјалното обвинителство со седиште во Хаг кое ги истражува злосторствата за време на војната во Косово, како сведок и еден од основачите на ОВК. 

МИА/Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 824 случаи на Ковид-19 од 3.988 тестирања

Редакција

Завршни зборови на Обвинителството за случајот „Тортура”, за аспењето на Љубе Бошковски

Редакција

150 кревети на Интерните клиники од денеска се за лекување на ковид пациенти

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница