еМагазин
Image default
Македонија

Османи не кажа кој ќе биде амбасадор во Софија, бил еден од најискусните дипломати од МНР

За амбасадор во Софија ќе биде испратен еден од најискусните дипломати во Министерството за надворешни работи. Владата го прифати предлогот на МНР за амбасадор во Бугарија и го однесе на претседателот на државата, информира денеска по брифингот за новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Амбасадор во Софија ќе биде еден од најискусните дипломати во МНР и намерно така е одлучено искусен дипломат да се испрати во Софија во услови кога сакаме да ја вратиме довербата и да ги надминеме разликите.

Меѓутоа, не можам да коментирам за името додека не се добие агреман, меѓутоа барањето за агреман што значи и одобрување од страна на претседателот е добиено и веќе е пратено во бугарското МНР, наведе Османи.

Дел од македонските медиуми во почетокот на неделава го споменаа името на Агнеса Руси за амбасадор во Софија, која е дипломатка од кариера а во моментов е шефица на македонската мисија при ЕУ во Брисел од 2018 година.

Северна Македонија е без амбасадор во соседна Бугарија од април 2020 година, додека вршител на должноста амбасадор ја извршуваше Владимир Крстевски.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа петмина нови пациенти од корона вирусот, еден од нив дома

Редакција

Ковачевски за кривичната за Лотарија: Секогаш сум работел според законите

Редакција

Две лица уапсени за киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски, Обвинителството побара притвор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница