еМагазин
Image default
Македонија

Османи положи цвеќе пред училиштето „Владислав Рибникар“ и им оддаде почит на жртвите во масовното убиство

Претседавачот на ОБСЕ и македонски министер за надворешни работи Бујар Османи, кој претстојува во Белград положи цвеќе пред училиштето „Владислав Рибникар“ и им оддаде почит на жртвите во масовното убиство што се случи на 3 мај, јави дописникот на МИА од Белград.

-Овие промени сите ги чувствуваме. Соочени со оваа незамислива трагедија, клучно е да се здружиме да ја споделиме загубата и болката и да ги поддржиме најпогодените. Само на тој начин ќе потврдиме дека сме подготвени да спречиме вакви страшни инциденти да се случуваат во иднина, напиша Османи на Фејсбук.

Според него, неизмерна е тагата што ја чувствуваат семејствата чии животи засекогаш ги промени овој чин, но тие, вели Османи, не се сами.

-Заедно со ОБСЕ нудиме утеха, сила и солидарност на нацијата обединета во колективната тага. Споменот на жртвите нека биде поттик за сите нас да работиме напорно за побезбедна иднина, каде што училиштата се симбол на знаење и пријателство, порача Османи.

МИА/Фото: Фејсбук/Османи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Само во Македонија: На ТикТок се „фалат“ како учат мало дете да пука со пиштол

Редакција

Нови 674 случаи на Ковид-19 од 3.156 тестови, 98 се реинфекции

Редакција

Нови 125 нови случаи со корона вирусот, најмногу 89 во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница