еМагазин
Image default
Македонија

Османи предупреди на голема можност за зараза со корона вирусот: „Бројката денеска уште повознемирувачка“

Можноста да се биде позитивен или да се биде во контакт со некој кој е позитивен на корона вирусот во последниве неколку денови е мошне голема, предупреди на својот Фејсбук профил вицепремиерот Бујар Османи.

„Затоа апелирам да се однесувате како да сте позитивни или како да е позитивен секој со кого контактирате. Не треба многу за да се заштитите: не им верувајте на теориите на заговор, маската ја намалува трансмисијата за 79%, не предизвикувајте смрт на вашите роднини“, напиша Османи на својот профил на Фејсбук.

Тој додаде дека бројките денес се уште повознемирувачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

42 лица од новозаразените со корона вирусот имале контакт со потврден случај

И двајцата новопочинати од корона вирусот немале контакт со потврден случај

Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечна ќерка позитивни на корона вирусот

Фото: Фејсбук/Османи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче поднесе пишана оставка до Заев: „Последната трагедија во Тетово многу ме погоди“

Редакција

Најголем дел од граѓаните не би гласале за никој, ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг: Анкета на Институтот за истражување на политики и добро владеење

Редакција

Обвинителство бара притвор за малолетникот кој усмрти жена на Пластичарска улица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница