еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи: Разликите се во нијанси по прашањето за Гоце Делчев

Прашањето за Гоце Делчев е отворено во комисиите уште во ноември минатата година, меѓутоа направени се неколку обиди, изјави на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Комисиите работат автономно. Меѓутоа бидејќи ние сме информирани по однос на тоа што го работат, јас мислам дека во овие разговори на моменти имам чувство дека разликите се во нијанси по однос на различните погледи на историчарите од двете комисии за одредени историски фигури.

И апсолутно точно е дека комисиите таа улога ја имаат да најдат заеднички точки, начини како да ги одбележуваат фигурите за коишто двете страни сметаат дека имаат значење за нив, изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање дали се очекуваат резултати од Заедничката комисија за историски прашања која следната средба треба да ја има на 3 и 4 декември во контекст на напорите за одржување на првата меѓувладина седница со ЕУ и почеток на преговорите. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Османи потврди дека деновиве се разменуваат ноти и документи помеѓу Македонија и Бугарија

Заев: „Заменивме 20 табли на кои пишуваше бугарски фашистички окупатор – Бугарија не е фашизам, туку наш пријател“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицотакис од Солун: Не поддржуваме договор што отстапува македонски јазик и македонска националност

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа, дополнително пријавени двајца

Редакција

(Фото) Кирк Даглас им подарувал училишен прибор на децата од Егејска Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница