еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Средба на Османи со Вархеји: Постои замор од постојаното одложување, нужен е исчекор кон пристапните преговори

Европското досие на државава во пресрет на јунските совети и очекувањата за нужен исчекор во поглед на отпочнувањето на пристапните преговори, особено во дадениот момент, беа во фокусот на разговорите на министерот за надворешни работи Бујар Османи со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, кој денеска престојува во работна посета на Скопје, информираат од Министерството за надворешни работи.

Како што соопшти МНР, соговорниците се согласиле дека новите геополитички околности налагаат потврдување на политиката на проширувањето како геостратешка инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економска благосостојба на целиот европски континент.

– Северна Македонија досега покажа исклучително ниво на посветеност за напредокот на нејзиниот пат кон Европската Унија. Дополнително, постигнавме 100-процентно ниво на усогласување на државата со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

Време е и Европската унија да пружи рака кон државите од Западниот Балкан и јасно да демонстрира дека иднината на регионот е европска. Регионот е сѐ повеќе уморен од чекање, со што страда кредибилитетот на Европската унија, порачал Османи.

На средбата станало збор и за напорите во надминувањето на разликите меѓу Бугарија и Северна Македонија, како приоритет да се одблокира нашиот пат кон ЕУ, стои во соопштението од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средба на Ковачевски со Вархеји во Скопје: Деблокадата на евроинтеграциите е потреба и сега е моментот за тоа

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Железничкиот сообраќај нормализиран, исплатен вториот дел од октомвриската плата

Редакција

Истражување во Израел: Три дози од Фајзер штитат од омикрон, но 4 пати помалку од делта сојот

Редакција

Бројот на ученици во средните училишта намален за 3,9, а во основните за 1,4%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница