еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Основното јавно обвинителство Струга ќе истражува за запаленото бугарско знаме на карневалот во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал било запалено знаме на Република Бугарија.

„Предметот е оформен со цел да се испита постоење на кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик.

Притоа, надлежен јавен обвинител издаде наредби до СВР Струга со цел утврдување на идентитетот на сторителот, како и идентификација на други присутни на настанот.

Во исто време, по наредба на јавен обвинител ќе бидат обезбедени евентуалните снимки од камери на кои е регистриран инцидентот, а ќе бидат преземени и други дејствија за расчистување на кривично – правниот настан​,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палењето на бугарското знаме е недопустливо и за осуда, порача Пендаровски

МНР го осуди палењето на бугарското знаме на Вевчанскиот карневал

Бугарија упати демарш до МНР поради запалено бугарско знаме во Вевчани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерствата без напредок во активната транспарентност, општините со минимално подобрување

Редакција

Филипче: Нема лек за Ковид-19, терапија само од матичен лекар

Редакција

Во Баликесир во Турција уапсен Љупчо Палевски Палчо

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница